Запознајте ги новите „ангели“ на Викторија Сикрет со кои ја славиме уникатната убавина на жените

Викторија Сикрет ги ребрендира своите славни ангелски крилја, нивната главна цел е да станат водечки, светски застапник за жени. „VS Collective“ е новооснован тим од  успешни жени кои ја менуваат играта и ова означува само почеток што ќе ја промени иднината на Викторија Сикрет.

Викторија Сикрет е основан во 70-тите години откако Рој Рејмонд се обидел да и купи долна облека за својата сопруга и заминал незадоволен од грдите најлонски фустани со цветни дезени што биле достапни тогаш. Викторија Сикрет е бренд познат по својата долна облека, козметички производи и секако – прекрасните супермодели  (Ангели), кои се појавиле во 1998 година. Елса Хоск, Адријана Лима и Роме Стријд се само неколку од масивната листа на доминантни убавици во историјата на Ангелите.

Ние ви претставуваме уште пет девојќи кои ќе ги облечат крилјата на следната ревија.

Адут Акеч

Адут Акеч е бегалка, инфлуенсер и модел. Родена е во 1999 година,  дебитираше како модел во 2017 година, а во 2018 и 2019 година беше избрана за „Модел на годината“ од модели.ком. „Да се ​​биде дел од VS колективот означува толку посебен момент и се чувствувам благословено што сум дел од група која ја слави и ја зајакнува индивидуалноста“, вели Акеч.

Пријанка Чопра Џонас

На Пријанка Чопра Џонас не и е потребен вовед, ние ја познаваме како актерка, продуцент,  претприемач и многу повеќе. Победничка е на изборот за Мис на светот 2000. Таа промовира и гласно ги опфаќа социјалните цели како што се правата на жените, животната средина и родовата еднаквост. За нејзиното приклучување кон VS Collective, актерката рече: „Најмногу сум возбудена дека новите клиенти и оние кои отсекогаш биле клиенти на Victoria’s Secret, ќе се чувствуваат како да припаѓаат таму и ќе имат претставник“.

Палома Елсесер

Палома е британски „плус сајз“модел . Таа беше откриена на Инстаграм од славниот шминкер, Пат Мекграт и оттогаш, таа е работи за брендови како Најк, Фенти Бјути и Мерцедес-Бенц, а неодамна се појави и на насловната страница на Вог. Таа е „возбудена за партнерство со Викторија Сикрет и ја поддржува колективната мисија да се истакне убавината и различноста на жената“.

Аманда де Каденет

Аманда де Каденет – новинарка, фотограф, основач на GirlGaze, се приклучува на тимот VS и таа ќе биде домаќин на подкаст, каде основачките членови на VS ќе споделат извонредни приказни и перспективи. За VS колективот, таа верува „дека вистинските промени доаѓаат одвнатре и дека група луѓе можат да ја сменат културата“.

Ајлин Гу

Ајлин Гу, на само 17 години, е светски првак во скијање, застапник за млади и жени во спорт и модел. По повод  приклучувањето на VS Collective, таа рече: „Многу ми е чест да бидам дел од таква инспиративна група жени и да работам со бренд што сака да ги сруши границите и да ја искористи својата платформа за да ја слави убавината на различноста “.