Запознајте го 12-годишното момче кое сака да стане најмладиот воздухопловен инженер

12-годишно момче треба да стане најмладиот студент што некогаш студирал воздухопловен инженеринг на универзитет во Џорџија. Кејлеб Андерсон вли дека не е паметен. „Јас само брзо ги сфаќам информациите. Значи, ако научам побрзо, тогаш побрзо напредувам.“, вели тој.

И покрај таквата скромност, младото чудо треба да биде примено на Џорџија Техничкиот Универзитет, по една година студирање на Техничкиот колеџ Чатахочи во Мариета. Кејлеб неодамна се состана со претседателот на кампусот Анхел Кабрера, каде му беше направена обиколка низ лабораториите.

Професорот Марк Костело, претседател на Факултетот за воздушно-вселенско инженерство во Џорџија Тех, вели: „Тој е совршен кандидат да влезе во нашата програма и да биде многу успешен… би очекувал дека ќе биде примен, сигурно“.

Судбината на Кејлеб била јасна од рано детство. На само девет месеци, тој знаел знаковен јазик и веќе на возраст од две години решавал дропки. Тој вели: „Имам далечни сеќавања кога бев во орво одделение и учев таму, и сите беа многу повисоки од мене, бидејќи, јас имав две години. Едвај можев да одам.“