Запознајте го безбедносниот робот Ascento Guard, наменет да ги замени кучињата
Се разбира, можете да купите куче чувар за да го заштитите вашиот имот. Работат многу ефикасно, но мора да ги храните и чувате, тие се уморуваат, стареат, не се идеални се разбира. Зоки од обезбедувањето исто така работи добро, но истото важи и за него, плус тој сака да биде и платен. Така, швајцарската компанија Ascento Robotics понуди вакво решение за проблемот.
Роботот со две тркала опремен со вештачка интелигенција може да го освои секој терен, да ја врши својата работа во секое време и да ви ги обезбеди најновите информации од терен за вашиот имот, натрапниците, регистарските таблички на автомобилите што доаѓаат и многу повеќе. Роботот е создадено преку кампања за групно финансирање, во која се собрани 4,3 милиони. Засега не се знае кога Гард ќе биде достапен за купување.

Коментирај анонимно