Запознајте го Бразилецот Артур, кој покрај 1 жена, има и 7 девојки и неверојатно добро му оди
Бразилецот Артур, кој живее во Сао Паоло е венчан со девојка по име Луана, во која се зањубил на прв поглед. Но покрај неа има уште 7 девојки (Таина, Лорена, Кјара, Мелина, Емили, Тајене и Синтија). Откако ја објавил својата необична врска со дури 8 партнерки, станал мета на негативни коментари ширум светот кои се згрозени од неговата полиаморна врска.

Кога имал 24 години чувствувал постојан страв од зближување со некоја девојка. Поради тоа, почнал прекумерно да внесува храна и за краток период се здебелил и имал 97 килограми. Зголемената тежина дополнително го влошила проблемот со неговиот недостаток на доверба и никако не успевал да си пронајде сродна душа. Животот му се сменил кога ја запознал неговата сегашна жена Луана. „Се сеќавам кога го запознав Артур, тој беше многу љубезен со мене, иако беше по малку дебелко“.
Запознавањето на Луана и одлуката да се венчаат всушност било голема мотивација за Артур да почне да работи на своето тело и да почне да води здрав живот. Изгубил дури 27 килограми за 18 месеци. Таа трансформација му ја подигнала самодовербата, почнал да живее поинаков стил на живот и со тоа се охрабрил и добил желба да се впушти во врска со повеќе партнерки истовремено, покрај својата сопруга.
Она што изненадува е фактот дека на Луана ѝ се допаднала таа идеја, била спремна на таков чекор и комплетно го поддржала. „Јас сум исполнета во овој брак, бидејќи мојата намера е да го направам среќен Артур. Ако е тој среќен, среќна сум и јас“ изјавила Луана. Таа супер се согласувала со девојките и добро се забавувале. Вели дека откако започнале полиаморна врска, многу повеќе ја зајакнале врската како маж и жена, стекнале поголема меѓусебна доверба и се разбирале со поглед. Некои од девојките живеат заедно со Артур и Луана, но некои не, бидејќи нивните семејства не се согласуваат со ваков тип на врска.
Девојките велат дека нема никаков проблем меѓу нив, функционираат како едно семејство, бидејќи Артур се труди да им посвети подеднакво внимание на сите 8 негови партнерки. Тој дури ја крунисал својата уникатна врска со своите партнерки со свадбена церемонија. Тој вели дека намерата им е да шират само љубов. Неговата фамилија не е воодушевена од неговиот начин на живот, па за да им докаже дека не прави ништо погрешно, ја запознал баба му со неговите партнерки. Таа пак ја прифаќа само неговата венчана жена и само од неа очекува внучиња. Овој бразилец е истраен во својата намера цел живот да живее во полиаморна врска, сака да има дури 10 партнерки истовремено и од секоја од нив да добие дете.