Запознајте го дечкото кој си го повредил грбот, па станал екстремен скејтер со инвалидска количка

Еден човек кој останал врзан за инвалидска количка по несреќа за време на сноубординг, не дозволил неговата љубов кон екстремноте спортови да запре. 25-годишниот Тони Тогмартин сериозно си го повредил грбот во несреќа која се случила во 2017 година. Иако веднаш имал итна операција Тони останал парализиран од половината надолу.

Сепак бордањето е негова омилена работа во животот и одлучил и покрај сѐ да не се откажува. Сега, повеќе од две години од кога започнал со секејтање во инвалидска количка, Тони е спонзориран спортист во овој спорт и тренира три до четири пати неделно.

Тони поминал 40 дена во болница, од кои 30 се состоеле од терапија која требала да му помогне на момчето да се прилагоди на животот во инвалидска количка. Тој почнал да скејта со својата инвалидска количка само една година по несреќата, откако забележал дека и други инвалиди прават слични работи.

„Видов неколку луѓе како го прават тоа со инвалидска количка и тоа само ме поттикна да бидам најдобриот што можев да бидам.“, вели Тони. Тони користи количка WCMX (мотокрос инвалидска количка) и ја има специјално изменето и засилено за да се справи со „злоупотребата“, како што вели тој.

Откако почнал да се занимава со уникатниот спорт, Тони учествувал во неколку натпреварувања. Тој досега освоил сребро на Северноамериканскиот шампионат и 2-ро место на Националното првенство на САД во скејтборд и рече дека сè уште не е крај.“

„Го сакам мојот живот и не би менувал ништо. Ја сфатив оваа трагедија и ја претворив во позитивна и имав одлични можности на тој пат.“, додава тој.