Запознајте го Френк, паунот кој патувал над 1.000 километри во потрага по љубов

Паунот Френк кој лутал низ улиците на Индијанаполис конечно е фатен. Луѓето се надеваат дека огромната птица наскоро ќе го најде она што го бараше сетоа ова време – љубов. Зарем не ја бараме сите Френк?

Веќе два месеци службите за грижа за животни во Индијанаполис трагаа по Френк за кој се верува дека си ја бара својата понежна половина. Френк патувал 1.100 километри од градот Франклин, пред конечно да биде фатен на југоисточната страна на Индијанаполис.

„Благодарение на жител на населбата Твин Аир, Френк вечерва беше безбедно заробен и земен од страна на службите за грижа за животни. Направивме аранжмани за Френк да отиде во Olivia’s Oinking Acres. Каде ни е кажано дека некоја пауница го чека, за да може конечно да најде љубов.“, изјавиле од здружението.

Очигледно, паунот отпатувал од градот Френклин до Индијанаполис. За да го прати движењето на паунот Мишел Еванс креирала група на Фејсбук наречена „Where’s the Franklin Township Peacock?“ (Каде е паунот на градот Франклин). Мишел вели дека пред 40-50 години во близина имало фарма за пауни и одеднаш се затворила. Оттогаш може да се види некој паун како лута по улиците.

Во Фејсбук групата луѓето објавувале фотографии каде и да го видат Френк, а еден човек се помачил да направи и мапа на неговото движење. Да се надеваме дека Френк конечно ќе си ја пронајде „љубовта на својот живот“. Среќно Френк!