Запознајте го тажниот милионер: Откако ја продал својата компанија за 100 милиони долари сѐ се сменило на полошо
Се чинеше дека Кристијан Ребер засекогаш ги решил сите негови проблеми во 2015 година и дека до крајот на животот може да ужива во богатството што го стекнал продавајќи ја својата едноставна, но исклучително популарна апликација.
Тој е, всушност, еден од ко-основачите на Wunderlist, на кој Мајкрософт се фокусира во последната деценија. Американскиот технолошки гигант им дал понуда која не се одбива – не се знае точната сума, но се работи за цифра меѓу 100 и 200 милиони долари.
Ребер вели дека тој веќе бил изгорен во тоа време и дека бил крајно уморен од водење на стартап со сите подеми и падови што ги носи, и бидејќи неговата партнерка (исто така ко-основач на Wunderlist) во тоа време била бремена, тој се одлучил за она што за сите било логично. Тој ја прифатил понудата.
Со продажбата на Wunderlist, тој станал мултимилионер, а иако не е тешко да се помисли дека со големи пари исчезнуваат проблемите и грижите, во неговиот случај тоа не се случило. Вели дека воопшто не ја прославил продажбата, туку наместо среќа го обземала тага. Му требале една или две години да стане свесен за ситуацијата, иако постојано се уверувал себеси дека тоа што го направил е сосема исправно.
Тој направил одличен производ кој имал позитивно влијание за милиони корисници, неговите вработени добиле одлични работни места во Мајкрософт, а тој станал финансиски независен, па реално немало причина да се чувствува лошо. Но, за него Wunderlist бил многу повеќе од производот и компанија која ја продал – тој вели дека се чувствувал како да изгубил дете после тоа: „Навистина се чувствував како да паѓам во депресија. Се чувствував несреќно.“
Споредбата секако е претерана, но во интервју за CNBC тој вели дека по купувањето изгубил контакт со компанијата што ја основал, како и со тимот со кој соработувал со години. Кога Мајкрософт одлучил да ја исклучи својата апликација во 2019 година, тој му кажа на шефот на компанијата Сати Надели дека е подготвен повторно да го откупи Wunderlist, но тоа не се случило на крајот и неговата апликација станала дел од историјата на Интернет.
Иако Wunderlist е архивиран, тој минатата година започна да развива апликација за задачи наречена Superlist за која рече дека ќе биде „неофицијален наследник на Wunderlist“ и треба да обезбеди слично искуство во користењето.