Запознајте го Зион Кларк, човек роден без нозе, а сега е професионален борач

Зион Кларк, од Охајо, е роден со синдром Каудал Регресија, сериозно нарушување кое зафаќа приближно една петина од 100000 новороденчиња и го нарушува развојот на долниот дел на ‘рбетот.

Зион бил ставен во згрижувачки семејства уште како бебе иако неговата згрижувачка мајка Кимберли на крајот реши да го посвои.

Растејќи Зион се соочувал со насилници и деца кои го задевале на училиште поради неговата состојба, но тој не дозволил да го спречат во неговите цели и во второ одделение започнал да се занимава со својата голема љубов, атлетизмот, за денес да стане професионален борач.

Сеќавајќи се на неговите први натпревари, Зион, кој сега има 22 години, призна дека тој не знаел што да прави и ниту [неговиот] противник. Тој рече дека некои деца биле „исплашени“ да се борат со него, додека тој се чувствувал исто и за нив, но тој успеал да го прилагоди борењето со „многу проби и грешки“.

Иако младите години во училиште не му биле баш најдобри, Зион успеал да го надомести тоа кога пораснал. Тој тргнал на колеџ и надоместил за сѐ што пропуштил во детството. Атлетичарот со години се обидувал да научи сѐ што е поврзано со борење, а тој сега тренира двапати на ден, шест дена во неделата за да се осигура дека е најдобриот што може да биде.

Зион е многу благодарен на Кимберли и вели дека не би можел да стигне толку далеку без нејзината помош. Тој ја опишува својата врска со мајка си како „фантастична“, додавајќи: „Таа е најдобрата жена што ја знам“.

22-годишникот истакна дека тоа што се родил без нозе не го запира да ги оствари своите соништа и во иднина се надева дека ќе влезе во олимпискиот тим и ќе биде еден од најдобрите борачи во слободен стил во светот.