Запознајте ја мачката Кики која се однесува и верува дека е иста како и нејзините „браќа“

Една мачка од расата „American Shorthair“ се инфилтрираше во „банда“ од три Шиба Ину кучиња, а кучињата дури и не сфаќаат дека има шпион меѓу нив! Една јапонска двојка ги чувала кучињата со години, но сопругата долго време сакала и мачка. Сепак таа не можела да го убеди својот сопруг кој имал стереотипи за мачките и не сакал да чува. Жената била убедена дека ќе пронајде мачка која ќе може да се вклопи во семејството.

Тие почнале да бараат сиво маче со кратко крзно и раса која е дружељубива. Така се одлучиле за „American Shorthair“ и за Кики. Мачката веднаш се вклопила со кучињата, а набргу почнала и да се однесува исто како нив. Кики секогаш ги прати своите браќа и не заостанува во никој поглед. Сопственичката вели дека на почетокот на оваа година сфатила колку всушност се блиски животните.

„Ги одведов Кики и нашите кучиња на забава за кучиња. Кики добро се сложуваше со сите кучиња, но едното одеднаш почна да лае кон неа. Тогаш едно од нашите кучиња, Саки, застана пред Кики и почна да лае, штитејќи ја. Во тој момент, разбрав дека станале вистински пријатели.“, објаснува гордата сопственичка.