Запознајте ја најмладата вселенска командантка од Кина

Chang’e-5 беше значајна вселенска мисија за Кина, бидејќи ова беше прв пат за земјата да собере примероци од Месечината. Но, освен ова мисијата има и друга историска важност. Зад лунарната мисија во Кина стои посветен тим научници и еден од нив е најмладиот командант на вселената досега. На 24-годишната Жоу Ченгју ѝ е доверена суштинската одговорност за управување со системот за ракетен конектор.

Таа помеѓу колегите е позната како „Големата сестра“ и стана популарна на социјалните мрежи откако луѓето дознаа за нејзините години и високата позиција.

Девојката го доби и вниманието на новинарите поради нејзините достигнувања на толку млада возраст. Но, таа не дозволува славата да ѝ удри во глава. Всушност девојката одбила најголем дел интервјуа затоа што сака да се фокусира на нејзината важна работа.

Мисијата Chang’e-5 е првата колекција примероци на Месечината во последните 40 години, а соодветно Chang’e-5 е именувана по кинеската божица на Месечината. Божицата, Chang’e, има интересна и трагична приказна. Во приказната, жена која пие напивка за бесмртност станува божица и случајно го остава сопругот зад себе на Земјата, додека го чека на Месечината.

Поради природата на оваа приказна и инспирацијата за името на мисијата, многумина сметаат дека е соодветно што силна женска фигура привлече меѓународно внимание. Засега се чини дека Жоу Ченгју е насочена кон нејзината работа, но со оглед на возбудата околу оваа мисија и нејзините достигнувања ќе има обожаватели, доживотно.