Запознајте го најскапото јагне во светот, која се продаде за неверојатни 411.000 евра
Една овца се продаде за рекорди 411.000 евра во Глазгов. Волненото животно е шестмесечно машко јагне од расата Тексел, по име Double Diamond (Двоен Дијамант), кое е родено на фарма во Маклсфилд во Чешир, Велика Британија. И покрај тоа што се уште е мало достигна неверојатна продажна цена и ја доби титулата за наскапа овца во светот, а и влезе во книгата на Гинисовите рекорди.

Расата на Double Diamond е именувана по островот Тексал, од каде потекнуваат во Холандија и тие се познати по тоа што обезбедуваат квалитетна волна за предива и месо без многу масти. Но, се чини дека ова животно вреди повеќе од неговите колеги од Тексал, заради времето и местото каде што е родено.

Бидејќи Тексал во моментов е најпопуларна раса овци во Велика Британија, тие се многу барани, а ова посебно животно се роди на највисокиот крај на периодот на размножување. Тој беше продаден за огромна сума од 367.500 фунти, што целосно го уништи претходниот рекорд од 231 000 фунти – продажба која исто така се случи во истата аукциска куќа во Ланарк, во близина на Глазгов во Шкотска, во 2009 година.

Не грижете се никој не дал толку пари за да го изеде јагнето, туку им е потребно за размножување. Просечната цена на јагне во Велика Британија е обично околу 120 евра. Сепак, висококвалитетните овни кои ќе се користат за размножување често се продаваат за многу, многу повеќе.

Двоен дијамант ќе се дели меѓу тројцата одгледувачи кои сите ќе го користат за одгледување јагниња, кои потоа ќе продолжат да им донесат повеќе јагниња.
