Запознајте ја прекрасната македонска каратистка која заврши на деветтото место на Олимписките игри во Токио

28- годишната Пулексенија Јовановска ја претставува Македонија во женски кати на на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија.


Таа има освоено бронза на Европско првенство во карате (континентално првенство) и златен медал во индивидуална категорија Ката до 21 година.


Во 2021 година таа го обезбеди 11 -то место на 56 -то Европско првенство во карате што се одржаа во Хрватска.

Македонската каратистка, оствари деветти најдобар резултат во дисциплината карате ката на Олимписките игри во Токио.

Јованоска во двете рунди забележа 23.80 и 24 поени, односно со просек од 23.90 застана на претпоследното деветто место.

Пулексенија беше прогласена за спортистка на годината во изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт во 2019 година и избрана за најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година од страна на граѓанската организација Такт.

Почнала да се занимава со карате на само шест години и вели дека спортот ја научил на „дисциплина и почит кон противникот“. Таа вели дека својата кариера ја гради “чекор по чекор затоа што за секој спорт бара трпеливост, а напредокот доаѓа со посветеност и упорност“.