Запознајте ја првата презентерка на вести со тетоважа на лице

Пезентерка на вести влезе во историјата како прв човек со тетоважа на лицето што прочитал билтен за вести.

Ориини Каипара го прочита билтенот за вести во 18.00 часот за Њухаб, Нов Зеланд откако од неа било побарано да ги замени вообичаените водители Сем Хејс и Мајк МекРобертс.

Тетоважата на брадата на 37-годишната девојка, наречена moko kauae, е онаа што традиционално ја носат жените Маори.

Презентерката објасни дека ја направила тетоважата во 2017 година, откако открила дека е 100% Маори преку ДНК тест.

Каипара забележа колку е „возбудливо“ и колку „ужива“ да биде првата жена што има тетоважа на лице и презентира вести.

Каипара објасни како има „добар тим во Њусуб“ и таа „не го чувствува притисокот како порано кога таа првпат започнала да се занимава со новинарството“.