Запознајте ја Рентенкорло, девојката со најдолги нозе на светот

Девојка не само што има долго име, туку има и навистина долги нозе. Висока е 205 сантиметри, а нозете ѝ се долги 134 сантиметри. Згора на тоа, обожава да носи многу високи штикли, што ја прави уште понеобична. Кога била дете имала комплекси во однос на својата висина, но сега е задоволна од својот изглед и како што вели „се чувствувам како ѕвезда, луѓето на улица сакаат да се сликаат со мене“. Да погледнеме како Рентенкорло се снаоѓа во секојдневниот живот.