„Заработувам 1,7 милиони евра годишно со готвење во долна облека пред моите деца – се започна со обичен облог“
Ешли Колфаџ стана позната по нејзиното готвење долна облека. Таа ја потврди неверојатната сума што ја заработува од нејзината малку чудна работа.
38-годишната Ешли Колфаџ се најде на насловните страници затоа што готвеше во гаќи дома пред нејзините деца. Сега мајката, откри дека заработува над 2 милиони долари годишно.
Таа раскажа дека се почнало со облог.
„Беше лудо. Тоа беше облог – тие рекоа дека ќе заработувам 50 милиони долари месечно. Реков дека ќе заработам 5 илјади долари. И тоа би било во ред, сепак подобро од она што заработува наставничка. И тогаш мојот прв месец заработив 100.000 долари и не ми се веруваше. Тој период бев учителка. Дадов отказ и така сега станав една од најплатените личности на OnlyFans“.
Мајката од Флорида не е срамежлива за нејзиниот семеен живот и смета дека нејзините деца нема да пораснат мислејќи дека таа прави нешто непријатно.
„Не се губам себеси само затоа што имам деца. Сè уште сум тоа што сум, нема да се променам поради тоа“.
На прашањето како нејзината работа влијае врз децата таа одговори дека ни малку не им пречи на нејзините деца, бидејќи тие се навикнати да ја гледаат во долна облека низ куќата.
Таа рече: „Ќе готвам во бикини, ќе готвам во долна облека. Чувствувам дека ако им кажете на вашите деца дека тоа е лоша работа, тогаш тие ќе мислат дека тоа е лоша работа. Никогаш не им кажав на моите деца дека тоа е лоша работа“.
Браво за мајката, знае да ги пренесе вистинските вредности на децата.
Коментирај анонимно