„Заработувам 20.000 долари месечно ама сум најголема циција на свет – повторно користам марамчиња за една употреба“
Бредли, 32-годишен ТикТок креатор на содржини од САД, живее крајно штедливо, иако заработува значителна сума на пари месечно. Во декември заработил околу 20.000 долари, но потрошил само 1.026. Негови најголеми трошоци се киријата и храната бидејќи редовно готви дома.
Споделува совети за штедење, како што се исклучување на уредите, непалење греење и повторно користење предмети. Ги полни батериите на работното место, ги мие садовите таму и ги собира хартиените крпи за повторна употреба.
Креативни начини за намалување на трошоците
За да заштеди, Бредли собира тоалетна хартија од јавни места, повторно користи марамчиња и го исклучува фрижидерот кога не е дома. Го полни автомобилот со мал притисок на пумпата за да добие повеќе гориво и ги пере садовите и автомобилот кај родителите.
Штеди и на туширање, перење коса во мијалник и собира бесплатни ситници. За него, екстремната штедливост не е потреба, туку животен стил што го прави среќен.
Прашањето е: Што ќе им прави на парите?
Коментирај анонимно