Зарем не се веќе изумрени? Диносаурус трча низ улиците на Шпанија за време на карантин

Додека луѓето ширум Шпанија беа приморани да останат во своите домови поради пандемијата, еден тиранносаурус рекс беше забележан како трча по празната улица. Во ред, секако станува збор за човек облечен во костум на Т-Рекс но сигурно не е она што шпанските жители очекуваа да го видат како поминува покрај нивниот прозорец, особено во ваков период.

На снимките снимени од локален жител и објавени од полицискиот оддел Мурсија, може да се види дека портокаловиот и црвен Т-Рекс е следен од полицијата.

Spain Lockdown: Here's a T-Rex trying to escape the lockdown in Spain Quédate En Casa

Споделувајќи го видеото на Твитер, полицијата објасни дека законите за заклучување само дозволуваат едно лице да биде на улиците да го шета своето милениче на кратко растојание за да животното може да се олесни. „Ова не го покрива Тираносаурус рекс комплексот.“, се пошегуваа од полицијата. На луѓето во Шпанија во моментов им е забрането да го напуштат својот дом, освен ако не купуваат храна или лекови, посетуваат медицински центри или прават патувања за да им помогнат на старите лица или на младите.

Man dressed as T-REX stopped by police during Spain's coronavirus lockdown

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.