Застрашувачките модели покажуваат како ќе изгледаат „луѓето опседнати со серии“ за 20 години

Нема подобро бегство од реалноста од затемнета соба, 20 епизоди од вашата омилена серија и грицки. Сепак ваквиот животен стил може многу да му наштети на вашето здравје. Да сме на јасно, да изгледате по некоја епизода од омилената сериоја по напорен ден е сосема во ред.

Тоа е релаксирачки, возбудлив и често е совршен начин да се избалансирате од бучавата, особено за време на сегашната пандемија.

Но ајде да премотаме 20 години напред, по скоро две децении седење во темница и гледање во екранот. За среќа, некои ѓаволски креативни луѓе ги предвидоа овие последици за нас. Луѓето од Online Gambling креираа два модели Ерик и Хана, креирани за да претставуваат каде нашата опсесија со будно гледање може да нè одведе од козметички и здравствен аспект.

Не грижете се ова не гарантира дека сигурно така ќе изгледате. Но, ова е хипотетичко сценарио. „Од дебелина до оштетување на држење на телото, предвремено стареење и крвавите очи, ова се само некои од непријатните ефекти што ги собравме во истражувањето.“, велат од Online Gambling.

Тие додадоа: „Седењето премногу долго врши постојан притисок врз карличниот предел, што им штети на вашите лезии – предизвикувајќи болки во грбот и болка во пределот на колкот и глуждовите.“

Психолошките ефекти не се воопшто помали, што е со отсуство на социјален контакт и зависност од кликнување на следните епизоди. „Опседнатоста со серии обично значи да спиете помалку, честопати доведувајќи до депресија и вознемиреност“, велат истражувачите.