Застрашувачко предвидување од 1972 година е на добар пат да се оствари во блиска иднина

Студија на технолошки институт во Масачусетс (МИТ) од 1972 година предвиде дека може да се случи општествен колапс во средината на 21 век и за жал ние сме на добар пат тоа да се оствари.

Студијата предупредува на ризикот од распаѓање на индустриската цивилизација како резултат на брзиот економски раст.

Користејќи го системот за динамика објавен од „Клубот на Рим“, научниците од МИТ ги идентификуваа претстојните „граници на растот“. „Клубот на Рим“ го сочинуваат поранешни шефови на држави, бирократи на ООН, владини претставници, дипломати, научници, економисти и лидери на деловни активности.


Ограничувањето на растот значи дека намалувањето на достапноста на природните ресурси, покрај зголемувањето на трошоците, на крајот ќе се одрази со постојан економски раст помеѓу 2020 и 2030 година. Имајќи го ова на ум, се предвидува дека индустриската цивилизација е на пат да пропадне некаде во 21 век.

Понатамошна загриженост беше покрената во 2008 година, откако австралиската федерална владина агенција за научно истражување ЦСИРО спроведе своја студија, која исто така предвиде „потенцијален глобален еколошки и економски колапс“ во средината на 21 век.