Затвореници биле подложени на измачување и приморани да слушаат позната детска песна одново и одново дур не полудат
Во тужбата се тврди дека затворениците во затворот во Оклахома, САД, биле жртви на „тортура“ откако наводно биле принудени да слушаат позната детска песна.
Во тужба за граѓански права поднесена на 2 ноември, чуварите во затворот во округот Оклахома беа обвинети за сурово и нехумано казнување и прекумерна употреба на сила од четворица затвореници кои тврдеа дека биле подложени на екстремна дисциплинска тактика во 2019 година.
Џели Форман Џуниор, Даниел Хедрик, Џозеф Мичел и Џон Баско кои биле затвореници кон крајот на 2019 година кога, наводно, биле принудени од двајца затворски чувари да ја слушаат детската песн „Бебе Ајкула“ одново и одново како форма на измачување
„Мичел бил принуден да ја слуша песната одново и одново додека бил физички ограничен во просторијата за посети на адвокатот. Јачината на песната била толку гласна што одекнувала низ ходниците“, се тврди во тужбата.
Четвртиот тужител, Форман Џуниор, не бил принуден да ја слуша детската песна, туку наводно бил удрен со колено во грб од страна на полицајците.
Во тужбата беа именувани и шерифот на округот Оклахома, Томи Џонсон III, одборот на окружни комесари, а адвокатите на тужителите тврдеа дека обвинетите не ги обучиле соодветно или не ги надгледувале полицајците.
За двајцата затворски службеници, исто така, се тврди дека имале историја на малтретирање затвореници, но не се соочиле со никакви казни од надзорниците.