Затвореник ќе ви покаже како се прави вино во затвор
Затвореник користи TikTok за да им покаже на луѓето како изгледа животот зад решетки, споделувајќи интересни рецепти од намирници кои им се дозволени на затворениците.
Затвореникот, кој на TikTok го користи името calidago23, стана познат од неговата ќелија, покажувајќи им на своите 20 000 следбеници како да направат сè, од сендвичи со сирење до торта со јагоди, користејќи ја ограничената храна што им е достапна на затворениците.
@calidago23##foryou ##duet ##foryoupage ##fyp ##prisonstories ##lockedup ##prisonbreak ##tiktok ##prisonlife ##prisontiktok ##prison ##follow4follow ##viral ##for ##wine ##follo
Тој неодамна ја откри тајната за правење на „затворско вино“ што го приготвуваат затвореници во затворите низ САД. Изгледа дека е многу полесно отколку што би помислите.
Затворското вино бара само три лесно достапни состојки: сок од портокал, газиран сок од лимон и гумени бонбони.
Според затвореникот, овие состојки се мешаат и се оставаат да отстојат во пластична ќеса и да ферментираат околу една недела.