Затвореник споделува како ја прави омилената храна од својата ќелија

Затвореник стана хит со своите неверојатни видеа со лесни, импровизирани рецепти дирекно од неговата ќелија.

Даниел П во моментов се наоѓа во она што е познато како „куќа на половина пат“, што во суштина е станбен објект каде што од некои затвореници се бара да останат пред да бидат целосно ослободени. Додека се таму, им е дозволено да излезат и да уживаат во  некои работи од “нормалниот“ живот, како одење на плажа и ресторани.

Тешко е да се замисли низ што поминува без пристап до сите вообичаени удобности што го нуди домот. Сепак, Даниел научил да го користи она што го има и може да зготви прилично неверојатни јадења.

Објавувајќи на неговиот  TikTok профил, @dpeezy2099, има голем број на различни оброци што тој ги служи за себе и за својот колега.

Во едно видео, тој прави „пица нудли“, составена од база од мелени тестенини, бисквити и крекери. Откако ќе се зацврсти, тој одозгора става конзервиран сос од домати, потоа малку кашкавал, малку исечени пеперони, сецкани колбаси и халапењо од тегла.

Во други видеа, можете да го видите како прави свој Аба-Заба (американски тафи бар со путер од кикирики), гуакамоле и бурито за појадок.