Затворски фудбалски натпревар помеѓу ривалски наркокартели заврши со резултат 16 мртви
„Пријателскиот“ фудбалски натпревар помеѓу затворениците заврши со 16 лица загинати, откако играчите испукаа истрели поради несогласувањето околу резултатот.
Натпреварот се одвивал во затворот Синегуалис, во северната држава Закатекас, Мексико, на новогодишната ноќ и резултирал со едно од најтешките форми на насилство во казнениот систем во земјата откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор ја презеде власта во 2018 година.
Играчите биле гангстери од картелите Заливот и Зетас, два од најмоќните ривали во синдикатите за криминал во Мексико. Играта станала насилна откако се скарале за одреден прекршок и извадиле оружје за да се пресметаат. Федералните сили и Националната гарда пристигнале да ја прекинат борбата, но наводно биле потребни околу три часа за да се запре крвопролевањето.
Дваесет амбулантни возила пристигнале на местото на настанот, а преплашените посетители биле евакуирани од затворот за време на насилниот испад, во кој загинале вкупно 16 лица, 15 на местото на настанот и еден подоцна во болница. Во тепачката се повредени и петмина други затвореници, иако се вели дека се во стабилна состојба.
Исмаел Камберос Хернандез, секретар за јавна безбедност, рече дека вкупно четири огнени оружја се конфискувани по крвопролевањето.
При претресот биле откриени и 77 торби со марихуана, 18 пакувања оризова хартија, 17 ножеви, пила, три пара ножици, девет телефони, полначи за телефони, батерија за телефон, УСБ, два чекани, шише пијалок и лименки пиво. Од затворрот велат дека оружјето најверојатно било внесено за време на посетата на 31 декември бидејќи два дена претходно бил направен претрес и не било пронајдено оружје. Тие велат дека допрва ќе откриваат како било внесено оружјето.