Затворските чувари во Кентаки работеле прекувремено: Над 30 вработени имале афери со затвореници па дури и свештеникот, а една службеничка останала бремена од криминалец
Вработените во затворот биле фатени како има с*кс со затвореници, испраќајќи „флертувачки“ СМС пораки до затворениците, а една дури и забременила од криминалец, открива шокантна истрага.

Анализата исто така откри дека уште најмалку 14 работници биле фатени како шверцуваат работи на затвореници, вклучително и лекови како и дрога.
Во шокантните инциденти, кои се случија во период од 16 месеци, кој заврши во ноември 2023 година, дури и една вработена останала бремена од криминалец, додека други беа обвинети за с*ксуална злоупотреба. Во еден инцидент, поправната службеничка Триста Фокс беше обвинета за силување од трет степен во декември 2022 година, откако колеги чувари ја фатиле како има с*кс со затвореник во Државниот затвор во Кентаки.
39-годишната жена ја призна вината и треба да биде осудена во април.

Во септември 2023 година, уште една поправна службеничка во поправниот комплекс Западен Кентаки беше испрашувана од истражителите зошто развила романса со затвореник. „Еден ден ме фати во погрешно време. Мислам, не знам што друго сакате да кажам“, им рече таа на истражителите.
Во меѓувреме, затвореникот негираше дека е во „врска“ со чуварката, бидејќи тоа го опиша како „ситуација“ и им рече на инспекторите: „Велам дека само живеам во моментот“.
Во друг случај минатата година, службеничката за условна казна и условно ослободување во Овенсборо беше отпуштена откако забременила од криминалец на условна казна и се преселила кај него.

Во октомври 2022 година, друга поправна службеничка беше отпуштена од поправниот комплекс Малиот Сенди, откако затворот беше информиран за романса што таа ја започнала со затвореник.
Во уште еден инцидент во 2022 година, службеник за условна казна во СМС пораки ја нарекувал „душо“ и „кукло“ жената која требал да ја надгледува.
„Ќе ви го кажам ова, веројатно не беше професионално. Мислам дека премногу флертував..Мислам дека сакав да го „погалам“ моето его“, им рекол полицаецот, кој ја советувал жената да ги избрише неговите пораки.
Исто така дури и затворскиот свештеник Тод Стивен Бојс е обвинет за сексуална злоупотреба. Во тужбата поднесена минатиот јуни, жртвата на Бојс го обвини 56-годишникот дека го злоставувал во периодот од март до јули 2022 година и дека затворските службеници биле свесни за неговото однесување, но не се обиделе да го спречат.
„Бојс му се пофалил на тужителот дека претходно бил обвинет за сексуална злоупотреба од други затвореници и ништо не му се случило, така што никој не би му поверувал на тужителот ако го пријави“, се наведува во тужбата.

Во јуни 2023 година, работник во поправниот комплекс Источен Кентаки беше осуден на пет години условна казна откако се изјасни за виновен за шверц, откако беше фатен како шверцува дрога субоксон во затворот.
Затворскиот работник тврдел дека не знаел дека шверцува дрога, велејќи им на инспекторите дека зел пакети од жена во Винчестер и бил платен да ги донесе кај затвореник.
„Јас сум премногу добар со луѓето“, рече тој.

Според записите, биле извршени над 140 истраги низ 13 државни затвори во Кентаки и затворски камп со минимална безбедност. Како резултат на тоа, 62 вработени добија отказ или дадоа отказ, додека 29 добија писмена опомена, советување или дополнителна обука.
Во текот на изминатите пет години, имало 59 случаи на сексуални престапи од вработен врз затвореник во затворите во Кентаки, вклучително и 35 случаи кои вклучуваат можни кривични пријави.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно