Зависник од млеко кој пиел 2 литри на ден, решил дека не сака „да умре сам“ и пслабна 133кг

Ловекот кој пиел скоро 2 литри млеко со маснотии на ден решил дека не сака да „умре сам“ и ослабна 133 килограми.

Фил Кејси, самопрогласен зависник од млеко некогаш тежел 235 килограми и носел облека со големина 8XL, решил да го промени начинот на живот откако лекарите му кажале дека нема да доживее до 40-тата година.

46-годишниот, од Бангор, Северна Ирска, го започнал своето патување за слабеење три години подоцна во 2017 година, а за две и пол години намалил 8 конфекциски броеви и тежел 96 килограми. Фил, државен службеник, дури имал храброст повторно да почне да излегува и така ја запознал љубовта на својот живот,49-годишната Никол Мулхоланд.

Тој вели дека не се сеќава кога немал прекумерена тежина, но знае дека на факултет го добил најголемиот дел на вишок килограми. Како студент и во годините кои што следеле Фил пиел по 2 литри млеко на ден: „Уживав во пиење млеко уште од млада возраст, па кога ќе се вратев дома од работа млекото беше првото нешто за кое ќе се фатев.“

Исто така постојано јадел брза храна и целата ступендија ја трошел за тоа. Фил рече дека не „забележал“ колку тежина носи, затоа што тој немал ниту вага. Го фаќала паника кога требал да се дружи, а исто така не можел да стои повеќе од 1 час затоа што ја повредил рскавицата во коленото од тежината.

Фил вели дека си мислил дека ќе умре сам затоа што никој не му давал просперитетен живот. Неговото мислење се променило кога неговата мајка добила дијагноза за рак на желудникот, а особено решил да се потруди откако таа ја изгубила таа битка.

Сега Фил води исполнет живот, внимава на својата тежина и исхрана и го оставил зад себе човекот кој што некогаш бил.