Заврши натпреварот во мрзеливост во Црна Гора: победничката лежеше цели 50 дена!
Во црногорскиот град Брезна заврши 12-то првенство на мрзеливост. Учествуваа 21 лице. Главната награда изнесуваше 1000 евра.
Според условите на натпреварот, седењето и стоењето беа забранети. Одењето во тоалет било контролирано: натпреварувачите можеле да станат на секои осум часа и не подолго од 10 минути. Храната и пијалоците биле обезбедени од самите организатори. Прво, учесниците лежеле во вреќи за спиење под дрво старо повеќе од 107 години, а потоа во затворен простор.
Условите изгледаа идеални за мрзливци. Но, следењето строги спортски правила се покажа дека не е толку лесно. Три недели подоцна, од 21 учесник, само 7 останаа во игра. А до последниот, педесетти натпреварувачки ден, останаа тројца: 36-годишната Гордана Филипович, како и 23-годишните Филип Кнежевиќ и Лидија Марковиќ.
Гордана прва се предаде. А, Филип и Лидија се договорија да станат во исто време. Поентата била да им се покаже на сите југословенски народи и политичари дека љубовта и хармонијата одлучуваат за се. Така момците својата мрзеливост ја претворија во вистинска претстава. Еве видео каде водителот го чита манифестот на победниците.
„Бидејќи е господин каков што е, Филип на крајот и ја дава победата на Лидија“, се вели во манифестот. Смешно е што неколку дена претходно и самите родители на девојката ѝ понудиле 1.000 долари за конечно стане и си оди дома, но тврдоглавата девојка одбила и избрала да биде мрзелива до крај.
Коментирај анонимно