Збогум на старите полначи за телефони: Катарска компанија разви уред кој ќе може да го наполни вашиот телефон за 7 секунди. Погледнете колку ќе ве чини ова задоволство…
Нема нешто подосадно од тоа да излезете од дома и да сфатите дека сте заборавиле да го наполните телефонот. Но, една катарска технолошка фирма развила решение за овој проблем – машина која целосно го полни мобилниот телефон за седум секунди.
Наречен „Swapery“, домашниот уред издава пакети со батерии со мала тежина кои магнетски се лепат на задниот дел од телефонот и се поврзани со приклучокот за полнење на долната страна на мобилниот. Корисниците го вметнуваат својот телефон во „Swapery“, кој автоматски ја отстранува искористената батерија и ја заменува со батерија која е целосно наполнета.
Уредот, кој се очекува да чини околу 230 долари и да биде пуштен во продажба кон крајот на оваа година во Велика Британија, може да собере пет наполнети батерии одеднаш, што според неговите креатори го прави идеален за семејство.
„Современите паметни телефони многу брзо се трошат од батеријата и лесно се заборава да ги наполните“, вели Али Салах, креаторот на „Swapery“.
„Со нашиот уред, нема да треба да се грижите дали ќе заборавите да го наполните телефонот пред спиење или пак ќе се занимавате со каблите за полнење“.
Коментирај анонимно