Збогум стар пријателе! Чуварот се збогува со познатата горила која го освои светот кога позираше за „селфи“ со својот спасител

Горилата, која стана светска сензација откако позираше во селфи со чуварот, почина во прегратките на нејзиниот „доживотен пријател“, кој ја спаси како бебе.

Сирачето Ндакаси беше сликано како го зема својот последен здив додека го држи нејзиниот чувар Андре Баума (49) во националниот парк Вирунга во источен Конго.

Ндакаси, која почина на 14 години, беше спасена од чуварите на Вирунга кога имаше само два месеци, откако ја најшле како се држи за безживотното тело на нејзината мајка, која била убиена неколку часа порано.

Подоцна, таа била префрлена во Центарот Сенквекве во паркот со друго сираче по име Ндезе. Двојката стана слава на Интернет кога се појавија во селфи со чуварот на паркот Матие Шамаву во 2019 година.

Но, по повеќе од една деценија грижа во центарот Сенквекве, саканата горила почина.

Ндакаси почина на 26 септември во прегратките на Баума, кој  пред 14 години ја држеше горилата притисната за градите како бебе.

На фотографијата од последниот здив на Ндакаси, горилата се гледа како ја потпира главата на градите на Баума додека тој ја држи.

„Беше привилегија да се грижам за вакво суштество, особено знаејќи ја траумата што Ндакаси ја претрпе во многу рана возраст“, ​​рече Баума.