„Зборувај ми за изолација!“: Мајка од Скопје им се обрати на сите несовесни граѓани кои „не можат“ да останат во изолација
Како што доаѓаат нови поригорозни мерки и полицискиот час постепено се продолжува нетрпението кај граѓаните псотојано се зголемува.
Иако најголемиот дел од граѓаните ги почитуваат мерките донесени во овие тешки времиња и се грижат за своето и здравјето на своите сакани, сепак има луѓе кои од некоја причина или не веруваат во сериозноста на ситуацијата, или пак „не можат да издржат“ да останат во изолација.
Една мајка, од Скопје доби над 1.000 лајкови на својот Фејсбук статус поради искреноста во раскажувањето на нејзината ситуација и моментите кои ги преживеала како родител заедно со својот сопруг. Симона имала тешка бременост и здравствените проблеми на нејзиното синче Ведран за кој таа вели дека има кревки бели дробови. Веруваме дека и во овие моменти родителите стравуваат за здравјето на своето дете и дека ова ја инспирирало Симона да напише статус за да ги освести несовесните луѓе.
Еве ја објавата која привлече многу внимание на социјалните мрежи:
Сите можеме да издржиме многу кога е во прашање здравјето и среќата на нашите најсакани, а моменталната ситуација бара токму таква жртва. Затоа бидете безбедни, чувајте се и останете дома.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.