„Здравствени инспектори“ влегле во јужноафриканскиот трговски центар и си заминале со 10.000 евра
Четворица мажи во бели мантили и заштита се претставиле како „здравствени инспектори“ кога влегле во трговски центар во Питермаритбург, во провинцијата КваЗулу-Натал.
Четворицата мажи носеле бели лабораториски мантили, маски и визири кога влегле во трговскиот центар. Тие потоа влегле во еден од супермаркетите.
Двајца од мажите наскоро извадиле оружје и го држеле менаџерот и еден од вработените на нишан, додека ги краделе парите од сефот. Тие успеале да однесат околу 10.000 евра. Тие најпрвин се претставиле како здравствени инспектори и побарале да разговараат со главниот менаџер.
За среќа немало повредени и разбојниците не го употребиле оружјето кое го носеле. Откако изгледле од трговскиот центар со возило заминале во непознат правец.
Полицијата допрва ќе го истражува случајот во обид да се откријат идентитетите на четворицата разбојници.