Здравствените работници одлучија на пациентите да им покажат дека зад маските се кријат храбри и насмеани луѓе
Здравствен работник доби идеја како да стави насмевка на лицата на своите пациенти во овие тешки мигови, додека работи во првите редови во болница во Сан Диего.
Робертино Родригез, респираторен-терапевт во болницата „Скрипс Мерси“, работи со најзагрозените пациенти и верува дека сите луѓе се преплашени, особено кога ќе здогледаат дека медицинските лица се целосно „маскирани“.
Тој сфаќа колкав е стресот да се гледаат само маски околу себе и сите да изгледаат исто, па така Робертино реши да стави на заштитното одело фотографија од себе каде што е насмеан, за да го подигне расположението и луѓето да бидат запознаени со тоа кој се грижи за нив.
Робертино ги инспирирал и неговите колеги да го направат истото. Тој посочува дека ќе ја носи фотографијата сѐ додека не престане потребата да носи маска.