Зебра роди необично младенче откако се пареше со уште понеобичен партнер

Љубовта не познава граници, а оваа зебра најдобро го знае тоа. Вработените од Националниот парк Чулу Хилс во Кенија останале малку збунети кога во стадото со зебри забележале едно младенче кое прилично се разликувало со зебрите околу него.

Кога се приближиле за да видат за што станува збор сфатиле дека слаткото суштетсво нема линии на поголем дел од телото и дека всушност е „плод на љубов“ помеѓу неговата мајка зебра и татко… магаре. Така е луѓето го нарекуваат суштетсвото Зонки (Zonkey= Zebra+Donkey).

Мајката зебра всушност била пронајдена како лута околу паркот и потоа била примена во стадото. Бременоста на зебрите трае цели 12 месеци, па така на вработените им станало јасно што се случило бидејќи некој период била сместена да живее со добитокот пред да биде пуштена во стадото зебри.

Зебрата очигледно се впуштила во „авантура“ со магаре и ова мало суштество е плод на нивната љубов. Зонкито е комбинација од својот татко и мајка, но сепак оваа животно нема да може да се размножува кога ќе достигне зрелост.

Младенчето од магаре и зебра е многу ретка појава бидејќи немаат ист број на хромозоми.