Желбата за нешто благо на овој пилот го натерала да прекрши неколку закони

Пилот е обвинет за опасно управување на летало, откако илегално го слетал својот хеликоптер за да си купи сладолед.

Иако понекогаш желбата за благо може да биде многу голема, не сите би се одлучиле да се качат во хелихоптер за да одат до продавница.

Меѓутоа, тоа можеби е само затоа што повеќето од нас немаат лесен пристап до хеликоптер, ниту знаење како се управува.

Но ова решени изгледа е сосема логично за пилот од градот Лерој во Саскачеван, Канада, бидејќи ги оставил збунети жителите во градот Тисдејл, откако ја искористи својата лиценца за хеликоптер за да пренесе патник до продавницата за сладолед.

Некои набљудувачи првично мислеле дека светло-црвениот хеликоптер бил на терен за итна медицинска помош, но таа идеја брзо била отфрлена кога патникот на авионот бил виден како ја напушта локалната продавница за сладолед.

Истражителите утврдиле дека патувањето не било итен случај, колку и да била страшна желбата за сладолед и пилотот бил обвинет за неговите постапки.

34-годишниот пилот треба да се појави на суд на 7 септември.