Желката што сакала да скокне од дрво (виц)

Една желка тргнала кон стеблото на едно дебело дрво и почнала да се качува. Се качувала, се качувала, се качувала, додека не дошла до една многу висока гранка од која решила да се фрли со стомакот надоле. Желката за среќа паднала на куп суви лисја и не се повредила. Незадоволна тргнала пак да се качува на дрвото. Се качувала, се качувала, се качувала и пак дошла до истата гранка. Пак скокнала и пак завршила на истиот куп лисја. Незадоволна, ја повторила операцијата уште еднаш и уште еднаш и уште неколку пати.
На врвот на дрвото две врапчиња внимателно ја гледале сцената. Во еден момент едното му вели на другото:
– Душо, зарем не мислиш дека дојде време да му кажеме на Кире наш дека е посвоен?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *