Земјоделец од Аргентина откри древни животни со големина на автомобили, додека ги пасел кравите

Земјоделецот Хуан де Диос Сота, ги пасел кравите во близина на река и забележал чудни камени формации кои на прв поглед му изгледале како куп измет од крави.

Но, откако се доближил сфатил дека не станува збор за тоа. Тој се заинтеренсирал за чудните формации па разгласил низ селото што забележал.

По неговото откритие, археологот Пабло Месинео и неговиот тим на научници дошле на местото да испитаат за што се работи. Тие откриле дека станува збор за фосили стари над 20.000 години. За време на ископувањето сфатиле дека има 4 фосили од древни армадила, откриени на дното на исушеното корито во Буенос Аирес.

„Отидовме таму очекувајќи да најдеме два глиптодонти кога започна ископувањето, а потоа беа пронајдени уште два. Ова е прв пат да има четири животни како овие на иста локација. Сите беа свртени во ист правец како да тргнале некаде.“, вели Пабло.

Глиптодонтите се изумрена подфамилија на на армадилото, кое за прв пат се разви во Јужна Америка пред околу 20 милиони години. Пабло вели дека според нивната големина станува збор за двајца возрасни и две млади антички армадила.

Кога целосно ќе созреат нивната големина достигнувала скоро како големината на Фолксваген Буба. Тие, исто така, се верува дека тежеле околу 1.000 кг. Истражувачкиот тим ќе мора – очигледно – да бара копачи да ги отстранат фосилите и планираат да направат понатамошни студии за да се утврдат нивната возраст, пол и можна причина за смрт.