Земјоделец од Индија откри креативен начин како да ги спречи мајмуните да му ја крадат пченката

Сриканта Гоуда, од селото Налуру, Тартхахали талук, пред четири години видел како еден друг земјоделец користи кукла која наликува на тигар, во форма на плашило за мајмуните кои му ги уништувале културите.

Тој решил истиот принцип да го примени и на своите ниви и идејата се покажала како успешна. Но, иако знаел дека е добра идеја, сфатил дека не може да се потпира на плашилото засекогаш.

Така, земјоделецот решил да ги натера неговите креативни мисли да проработат и решил своето куче да го бојадиса како тигар и мора да признаеме, тоа го направил прилично добро, дури и човек би погледнал два пати.

Гоуда изјавил дека бојата на кучето е всушност фарба за коса и дека трае нешто повеќе од 1 месец и дека е далеку поефикасно решение од поместување на страшилото низ нивите секој ден.