Земјоделка скока во водите од поплавите за да ги спаси јагнињата и овците

Додека од стотици луѓе беше побарано да ги евакуираат своите домови во текот на викендот, за да го избегнат најлошото невреме една храбра земјоделка не обрнуваше внимание на овие предупредувања кога сфати дека нејзините животни се во опасност.

Феј од Дербишир, тргнала во спасувачка мисија откако соседот и јавил дека некои овци и јагниња биле зафатени од поројните дождови и дека се во опасност. Откако ја проценила ситуацијата младата 26-годишна земјоделка веднаш знаела што треба да направи.

Таа врзала јаже околу половината, другиот дел му го дала на соседот и скокнала во студената вода за да ги спаси животните. Феј вели: „Кажав на некого ‘должноста ме вика’. Животните се први во животот на еден фармер. Секој земјоделец ќе се согласи дека тие доаѓаат над себе и над сè. Работата е во тоа што тие се она за што живееме. Цел живот го поминувате со нив, а некои од нив се домашни миленици. Ги знаеме по име.“

Феј со помош на нејзините добри соседи успеала да ги спаси сите јагниња и овци, иако вели дека на почетокот овците се плашеле да тргнат по неа.