Земјата ќе добие нова Месечина направена од ѓубре

Нова мини-месечина е на пат кон орбитата на Земјата, на оддалеченост од 43.450 километри од нашата планета. Се верува дека објектот всушност не е астероид и всушност е составен од старо вселенско ѓубре што се враќа назад кон Земјата.

Поконкретно се верува дека овој објект, наречен Астероид 2020 СО, е всушност стар засилувач на ракета кој датира од 60-тите години на минатиот век.

„Се сомневам дека овој новооткриен објект 2020 SO е стар засилувач на ракети затоа што следи орбита околу Сонцето која е крајно слична на Земјата, скоро кружна, во иста рамнина и е само малку подалеку од Сонцето во својата најоддалечена точка.

Токму тоа е орбитата што би ја следела ракетната етапа одделена од лунарната мисија, откако ќе помине покрај Месечината и ќе избега во орбитата околу Сонцето. Малку е веројатно дека астероид можел да еволуирал во ваква орбита, но не и невозможно.“, вели директорот на Центарот за студии на блиски објекти до Земјата на НАСА, д-р Пол Ходас.

Д-р Ходас го анализирал движењето на астероидот назад со текот на времето, обидувајќи се да го поврзе со кое било познато лансирање на мисијата во Месечината и открил дека тоа е најверојатно во близина на Земјата кон крајот на 1966 година.

Затоа, ова би било во корелација со лансирањето на Surveyor 2 на 20 септември 1966 година, мисија дизајнирана за меко слетување на површината на Месечината, но резултирало со неуспешно слетување на леталото.

Се очекува објектот да влезе во далечна орбита околу Земјата кон крајот на ноември. Ако станува збор за астероид, тогаш ќе се смета за мини-месечина, но ако е всушност засилувач на ракета, ќе се смета дека е само уште едно парче вселенско ѓубре.