Земјата, Венера и Марс можеби се формирани од ситни честички мраз и се слични со милиони „водни планети“ што може да се преполни со вонземски живот

Млечниот пат може да биде полн со карпести светови покриени со океани и континенти слични на Земјата, зголемувајќи ја можноста галаксијата да е преполна со живот на вонземјани, тврди студија.

Сите карпести планети во рамките на галаксијата би можеле да ги имаат истите градежни блокови како Земјата во нивното јадро, првично се формираат од ситни честички мраз и јаглерод, според истражувачите од институтот ГЛОБЕ на Универзитетот во Копенхаген.

За една планета да има живот ,како што знаеме, треба да биде присутнa течна вода, досегашните теории сугерираат дека таа пристигнала на Земјата случајно од далечна ледена комета.

Сега, дански научници велат дека водата била таму од самиот почеток, а истото важи и за Венера и Марс, и  двете можеби имале водена поовршина во далечното минато.

Користејќи компјутерски модел, Андерс Јохансен и неговиот тим пресметале дека планета околу млада ѕвезда може да започне да се формира од ледени камчиња по околу 5 милиони години.

Студијата покажува дека станува збор за честички од мраз и јаглерод со големина на милиметар, за кои е познато дека кружат околу сите млади sвезди на Млечниот Пат, што пред 4,5 милијарди години се акумулирало и го формирало она што подоцна ќе стане Земјата.

„Сите наши податоци укажуваат на тоа дека водата била дел од градежните блокови на Земјата, уште од самиот почеток“, рече професорот Јохансен, додавајќи дека одлучувачката точка за тоа дали е присутна течна вода е растојанието на планетата од нејзината sвезда.

„И бидејќи молекулата на вода често се појавува, постои разумна веројатност дека ја имма на сите планети на Млечниот Пат“, додаде тој.

Теоријата, наречена „таложење на камчиња“, е дека планетите се формираат од камчиња што се собираат заедно, и дека планетите тогаш растат сè поголеми.

„До точката каде Земјата порасна на 1% од сегашната маса, нашата планета растела со зафаќање на маса од камчиња исполнети со мраз и јаглерод“, рече Јохансен.

Земјата тогаш растела побрзо и побрзо се додека, по пет милиони години, стана толку голема колку што ја познаваме денес, патем, температурата на површината нагло се зголеми.

Мразот во камчињата започна да испарува на патот надолу кон површината додека се загревал, така што денес, само 0,1% од планетата е составена од вода, иако 70% од површината на Земјата е покриена со вода, велат  авторите на студијата.

Јохансен и неговиот тим пред една деценија ја изложија теоријата за таложење на камчиња и веруваат дека оваа нова студија ја потврдува нивната првична идеја.

Водената молекула H2O се наоѓа насекаде во нашата галаксија и затоа оваа теорија отвора можност други планети да се формирани на ист начин како Земјата, Марс и Венера, претпоставува Јохансен.

„Сите планети на Млечниот пат може да се формираат од истите градежни блокови, што значи повеќе планети со иста количина на вода и јаглерод како Земјата“, рече Јохансен.

„Така потенцијалните места каде што може да има живот се околу другите sвезди во нашата галаксија, под услов температурата да е соодветна“, вели тој.

Ако планетите во нашата галаксија имале исти градежни блокови и исти температурни услови како Земјата, исто така ќе има големи шанси да имаат приближно иста количина на вода како нашата планета, сметаат авторите.

Професорот Мартин Бизаро, коавтор на студијата, вели дека нивниот нов модел покажува дека сите планети добиваат иста количина на вода кога првпат се формираат околу aвезда.

„Ова сугерира дека другите планети може да имаат не само иста количина на вода и океани, туку и иста количина на континенти како и на Земјата. Дава добри можности за појава на живот “, рече Бизаро.