Земји каде што не ви треба многу: 7 фантастични дестинации каде нема да банкротирате

Иако одењето на патување изгледа како скапа работа, реалноста е дека ако одите на евтина дестинација подолго време, всушност заштедувате пари. Веројатно ова е причината зошто терминот „дигитален номад“ стана популарен во последниве години, за луѓе кои можат да работат од каде било во светот. Во секој случај, ви пренесуваме приказна од сајтот Buzzfeed, каде Американката Еви Керик објави приказна за дестинации каде што можете да престојувате многу евтино.

1. Камбоџа

Сместувањето во Камбоџа може да се најде за само 650 денари од вечер во некои од туристичките градови како што е Сиам Рип. Една од поскапите работи е всушност посетата на Ангкор Ват. Храната, главно се состои од тестенини и пржени работи кои се подготвуваат пред вас на улица, како и свежото овошје како и вкусот на манго се совршени, а цената е повеќе од прифатлива.

2. Индија

Индиската рупија вреди околу еден британски пени. Хотелот Хари Пиорко во Делхи е многу популарен и чини околу 160 денари за ноќевање. Уличната храна е евтина и вкусна и всушност најскапата ставка е авионската карта.

3. Мароко

Текстил, кожа, керамика, зачини – ако сте љубител на некое од горенаведените, едноставно мора да го посетите мароканскиот пазар. Градовите како Маракеш и Есаоиура се познати не само по нивните феноменални пазари, туку и по нивното многу прифатливо сместување.

4. Непал

Во главниот град Катманду, сместувањето во хостел започнува од околу 250 денари за ноќ, а патувањето со автобус од еден град во друг чини околу 500 денари. Доколку се најдете таму, не треба да ги пропуштите традиционалните кнедли наречени момо и порција од 10-12 „кнедли“ чини околу 50 денари.

5. Лаос

Тајланд и Камбоџа се многу попознати соседи на оваа земја чија граница наликува на палма. Овде ќе сретнете многу помалку туристи додека ги истражувате природните убавини како водопадот Куанг Си и будистичките манастири. Најголемото уживање – традиционална масажа која чини околу 320 денари.

6. Бали

Авионската карта е дефинитивно најскапата ставка кога планирате патување на оваа егзотична локација. Храната е секогаш свежа, вкусна и многу евтина, а цените на пристојното сместување започнуваат од околу 800 денари за ноќ.

7. Либан

За жал, Либан моментално се соочува со голема економска криза и инфлација, па стана една од поевтините земји за туристите кои носат долари и евра со себе. Така, ќе најдете сендвич со фалафел за околу 15 денари, а возењето со такси ретко ќе чини повеќе од 250 денари.