Земјоделец кој обработува изнајмена земја пронајде нешто што засекогаш ќе му го промени животот

Кои се шансите да пронајдете нешто вредно додека гледате во земјата? Можеби некој изгубил златен прстен, или му паднале пари? Да секако сето тоа е можно, но среќата на овој земјоделец е многу поголема од тоа.

Еден земјоделец пронашол дијамант од 14,98 карати на земјата што ја изнајмувал. Предметот, кој го збогати земјоделецот, бил фрлен на земјата, како да е обично камче. Дијамантот вреди околу 6 милиони рупии односно околу 80.000 долари.

45-годишниот Лакан Јадав започнал да го изнајмува о обработува земјиштето минатиот месец во Мадја Прадеш, за нешто повеќе од 5 евра и откако го пронашол дијамантот почнал да ги троши парите.

Јадав веќе се почестил со мотор, набавка за која тврди дека инсистирале неговите внуци. Земјоделецот исто така купил два хектари земја и два биволи.

„Нема да одам по ништо големо. Јас не сум образована личност и ќе ги ставам парите во фиксен депозит за да се осигурам дека моите четири деца ќе добијат добро образование. Се надевам дека ќе најдам уште еден дијамант. Ќе работам на земјиштето уште некој месец, па најверојатно ќе го обновам договорот.“, изјавил Лакан.