Земјоделецот му ги врати 400-те гуми на човекот кој ги фрлил во неговата нива
Голем проблем во Англија е фрлањето ѓубре во руралните области, затоа што да платиш камион да ти го исфрли ѓубрето е многу скапо. Овој 56-годишен фармер успеал да му ја најде адресата на човекот којшто во нивата му фрлил 400 стари автомобилски гуми и реши да му го врати тоа што е негово.
