Земојоделец, сопственик на паб во Англија, смислил „одличен начин“ како социјално да ги дистанцира гостите

Луѓето кои посакале да се напијат ладно пиво во The Star Inn, бар во градот Корнин, можеби ќе се изненадат кога пред нив ќе се најде ограда која најчесто се користи за да се одврати стоката. Оградата е наменета да ги задржи жедните гости да не се групираат во барот за време на пандемијата. Сопственикот на пабот, Џони Мекфаден бил загрижен дека гостите нема да се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање, па решил да постави електрична ограда низ пабот.

Решен да го заштити здравјето и благосостојбата на својот персонал, Џони како искусен земјоделец решил да искористи решение кое веќе му функционира кај животните. Електричната ограда е поставена низ целиот паб и се „грижи“ за социјалното дистанцирање на клиентите.

Џони вели дека имал намера да го „шокира“ локалното население до добро однесување. Сепак тој не е толкусуров и вели дека оградата е исклучена… најголем дел од времето и ја вклучува по потреба.

Оваа приказна доаѓа по првиот целосен викенд откако пабовите повторно беа отворени во јули, при што владините упатства беа издадени на баровите и рестораните во Англија, Шкотска и Северна Ирска во однос на безбедноста на клиентите и вработените.