Жена ако не те зезне нема кој! Ја чистела канцеларијата на мажот ѝ и фрлила УСБ со Биткоини – за вредноста, не прашувајте
Вистинска трагедија неодамна се случи во малото британско гратче Маркет Харборо. Ели Харт, 34-годишна наставничка, вршела рутинско чистење на канцеларијата на својот сопруг кога фрлила важен USB-уред за кој се покажало дека го содржи клучот од нивниот заеднички криптовалутен паричник.
„Стоеше во фиока со стари сметки, празни батерии и заплеткани жици. Мислев дека е еден од моите училишни флеш-драјвови и го фрлив без размислување“.
Најтажното е што тие не се сетиле веднаш за загубата. Нејзиниот сопруг Том, 36-годишен развивач на веб-страници, ја прашал сопругата каде се наоѓа. И тогаш Ели сфатила каква огромна грешка случајно направила.
Двојката се обидела да ја надомести загубата со празнење на вреќите со ѓубре, но без успех. Најлошото е што Том инвестирал во Биткоин уште во 2013 година, кога неговата вредност била значително помала, поради што неговиот е-паричник сега се проценува на околу 3,8 милиони долари.
Коментирај анонимно