Жена „без лице“, којашто била нападната од шимпанзото на нејзината пријателка, открива како изледа 16 години по операциите што ѝ го спасиле животот

Шарла Неш, сега 71-годишна, која во 2009 година претрпе брутален напад од шимпанзото Травис — миленик на нејзината пријателка Сандра Херолд — првпат отворено проговори за својот живот по трагедијата и откри како изгледа 16 години по операцијата за трансплантација на лице.

Во нападот, Травис ѝ ги искинал лицето, рацете, носот, усните и очните капаци. Животното било застрелано од полицијата, а Шарла со тешки повреди била префрлена во болница, каде што почнала борбата за нејзиниот живот.

Во 2011 година, таа стана една од првите пациенти што добила целосна трансплантација на лице во болницата Brigham and Women’s Hospital во Бостон. Денес, 16 години подоцна, таа вели дека токму таа операција ѝ го вратила животот.

 

Жена „без лице“, којашто била нападната од шимпанзото на нејзината пријателка, открива како изледа 16 години по операциите што ѝ го спасиле животот

Последици од нападот

„Тоа е прекрасно нешто и немам зборови за да ја изразам мојата благодарност. Оваа можност ми донесе подобар живот,“ изјави Неш за австралиската емисија 60 Minutes.

Шарла, која живее во установа за асистирана грижа, секојдневно посетува рехабилитација и логопедски третмани. Иако сè уште не чувствува делови од лицето, како носот и горната усна, таа забележува постепено враќање на чувствителноста и повторно започнала да јаде цврста храна.

Нејзината трансплантација на рацете не успеала, но лицето ѝ е успешно прифатено. Американската војска ја финансирала операцијата за да ја проучи применливоста на ваквите интервенции кај повредени ветерани.

Шарла останала слепа поради инфекција добиена од шимпанзото. Поранешна јавачка и љубител на коњи, денес се соочува со загубена самостојност, но не се откажува. „Никогаш не сум била човек што се откажува,“ вели таа.

 

Последици од нападот

Приказна за човечката издржливост

Иако по нападот нејзиниот живот драстично се променил, Шарла се надева дека во иднина ќе може да живее во сопствен дом на село и работи на видеа со активисти кои се залагаат за забрана на чување егзотични животни како миленици.

Таа се присетува дека секогаш чувствувала непријатност поради присуството на Травис во домот на нејзината пријателка и се прашувала „што ако еден ден побегне и повреди некого?“

Приказна за човечката издржливост

По трагедијата, семејството на Неш поднело тужба за 150 милиони долари против државата Конектикат, но не добиле дозвола за судење. Наместо тоа, добила 4 милиони долари од имотот на Херолд, која починала во 2010 година.

Нејзината приказна денес служи како моќно потсетување на опасноста од одгледување диви животни во домашни услови — и на човечката издржливост.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *