Жена дала отказ од работа и сега заработува шестоцифрена сума месечно откако се преправа дека е КУЧЕ

Една 21-годишна жена која обожава да брка стапчиња и да ја чешкаат по главата вели дека сега заработува шестоцифрена сума месечно, преправајќи се дека е куче. Голем број на луѓе ги сакаат кучињата поради нивната ведра природа и верност, но една жена од Остин, Тексас, чувствува дека има многу посилна врска со нашите четириножни пријатели.

Уше кога била дете Џена се чувствувала како куче, толку многу што се преправала дека е кутре додека растела. Кога станала повозрасна Џена посетила семинар во Чикаго, каде што сe запознала со неколку мажи кои сакале „игра со кучиња“ и ова ја инспирирало да научи повеќе.

Таа две години работела како оптичар и си направила профил на OnlyFans за да ги сподели своите перверзии, но најпрвин ништо сериозно не се случувало.

„Се чувствувам како куче. Јас само сакам да се тркалам наоколу, да фаќам топки, да ме чешкаат по главата. Отсекогаш сум се однесувала како кученце, но не на сексуален начин на почеток. Јас навистина сакам пофалби. Обожавам да слушам „добра девојка“. Кога станува збор за игра со миленичиња, поголемиот дел од девојките се мачиња, лисици или зајаци, а поголемиот дел од кутрињата се мажи. Размислував за тоа долго време кога за прв пат влегов во игра со миленичиња. Се чувствувам како куче.“, вели Џена.

Откако ѝ тргнала работата со OnlyFans таа дала отказ од работа. Претплатниците плаќаат по 20 долари месечно за да ги гледаат нејзините видеа и фотографии, а таа прави и специјали видеа по нарачка кои можат да чинат и 1.200 долари по видео. Џена вели дека е пресреќна што може да заработува од работа, која секако би ја работела.