Жена добила 5.2 милиони долари оштета од осигурувањето на автомобилот, затоа што добила сексуално пренослива болест во автомобилот на поранешното момче
Една жена од Мисури доби спогодба од 5,2 милиони долари против осигурителната компанија на нејзиното поранешно момче, откако таа тврдеше дека добила сексуално пренослива болест од него, откако имале секс во неговиот Hyundai Genesis.
Во вторникот, по пет години неизвесност, Апелациониот суд во Мисури потврди дека GEICO General Insurance Company, мора да ја плати огромната исплата на жената од округот Џексон. Причината за ваквата пресуда е затоа што осигурувањето го покрива и здравјето на патниците во автомобилот.
Судските документи откриваат дека жената го известила GEICO во февруари 2021 година, наведувајќи дека таа и осигуреникот биле во романтична врска од 2017 година. Жената ѝ кажала на осигурителната компанија дека има намера да бара парична отштета, тврдејќи дека се заразила со ХПВ, хуманиот папиломавирус.
Судските документи откриваат дека во тужбата, жената тврдела дека на нејзиното поранешно момче му било кажано дека има тумор на рак на грлото и му бил дијагностициран ХПВ, но тој продолжил да има незаштитен секс со неа знаејќи ги ризиците. Арбитерот открил дека мажот и жената имале секс во неговото возило што „директно предизвикале или директно придонеле за предизвикување“ на ХПВ инфекцијата.
Поранешното момче беше одговорно за необјавување на статусот на инфекција, а на жената и беа доделени 5,2 милиони долари за отштета и повреди што треба да ги плати GEICO.
Сите жалби на GEICO беа одбиени и не им е дозволено да постапуваат кога веќе е донесена пресуда.
Ова ја крена на нозе целата осигурителна индустрија. Бидејќи што ако некој се зарази со ХИВ од својот партнер во домот на партнерот, а партнерот го крие тоа – дали можете да го барате неговото осигурување за домот?