Жена донела 23 роднини на состанок на слепо, за да види колку е дарежливо потенцијалното момче

Состаноците на слепо можат да предизвикаат нервоза, но дали можете да замислите дека ќе излезете и ќе сфатите дека личноста со која сте излезени ги земала скоро сите свои роднини со себе. Во кинеската провинција Жеиџанг токму тоа и се случило. Жена решила со себе да земе 23 членови на семејството како начин да открие дали нејзиниот потенцијален додворувач е дарежлив или не, а групата потрошила неверојатни 20.000 ¥ (околу 2.400 евра) додека се гостеле.

29-годишниот Ксиао Лиу бил кутриот и напатен човек, кој станал жртва на жената и од него било побарано да ја плати целосната сметка. Сепак откако сфатил што направила жената, колку луѓе земала со себе и колкава е сметката Лиу одлучил да си излезе од ресторанот и да ги остави да си платат сами.

Лиу и жената подоцна се договориле, најголемиот дел од сметката да ја плати жената и нејзиното семејство додека тој да го плати остатокот. Иако го паднал тестот на дарежливост, дефинитивно го поминал оно за здрав разум…