Жена дознала дека нејзината мачка е крадец и одлучила јавно да им се обрати на луѓето за да им ги врати работите

Мачка крадец е на слобода во Метари, Луизијана. И да добро разбравте, не крадец на мачки, туку мачката е крадецот. За време на карантинот семејната мачка на Хедер Барди, Галактикет си пронашла ново хоби откако останала затворена со сопствениците.

На мачката ѝ станало здодевно и почесто барала од сопствениците да ја пуштаат надвор, а Хедер и го овозможувала тоа задоволство.

Но, наскоро почнале да се случуваат чудни работи. На тремот на Хедер постојано се појавувала облека, особено долна облека и чорапи. Жената почнала да се сомнева дека мачката има некаква врска со ова, па одлучила да ги прегледа безбедносните камери. И да била во право Галактикет е крадецот кој ја носел облеката.

Хедер одлучила да ги врати сите работи на вистинските сопственици, па ги фотографирала и постирала објава во локалната група, објаснувајќи ја приказната за вистинскиот виновник. Смешната приказна совршено докажува колку навистина се независни мачките и дека машината за перење не мора секогаш да е виновникот кога ќе ни ги снема чорапите.

Наскоро соседите почнале да ѝ пишуваат на Хедер, а најоштетен бил еден сосед каде што Галактикет најмногу сакала да престојува. Тој вели дека бил многу изненаден од постот, но сега му станало јасно каде „исчезнале“ голем дел од неговите работи.