Жена дознала дека таа и нејзиниот сопруг имаат заедничка приказна долги години пред да се „запознаат“

Судбината се чини дека работела прекувремено кога станува збор за Хајди Паркер и Ед Савит, затоа што иако живееле далеку еден од друг, Хајди во Шефилд и Ед во Путни, југо-западен Лондон, тие сепак успеале да се пронајдат и да започнат заеднички живот.

Парот долго време бил убеден дека се запознале на Универзитетот во Њукасл, каде што и живее во истата студентска куќа, иако не во исто време.

Ед се вселил откако Хајди си заминала и во 2011 година тој ја побарал на Фејсбук со надеж дека таа ќе може да му објасни како се вклучува машината за перење, а Хајди одлучила да му помогне затоа што како што вели таа „бил згоден“.

По разговорот на Фејсбук Хајди која сега има 29 години го забележала Ед на забава и си помислила дека е неверојатен. Тие лично се запознале и веднаш им тргнал разговорот. Првиот состанок им бил во Пица Експрес и оттогаш станале неразделни.

Неколку години подоцна тие заедно заедно купиле стан, а во 2015 година, додека биле на прошетка на имотот на куќата Чатсворт во Дербишир, Ед ја запросил. Приказната веќе изгледа совршена, но интересното дошло по онеколку месеци откако Ед и Хајди седнале на вечера со нивните мајки.

Мајката на Хајди, Кеј, се присетила на семејниот одмор во 1997 година кога го посетиле одморалиштето во Бодрум, Турција и Хајди се запознала со пријател со име Ед. Неколку недели по вечерата, Кеј ѝ испратила слика на Хајди од одморот со својот нов пријател, а тоа бил не било кој Ед, туку нејзиниот сопруг.

Ед, кој е сопственик на кафуле, додаде: „Јас не сум таков да верувам во чуда, приказната ми го промени животот.“ Тие наскоро ја рекреирале фотографијата и велат дека не се сеќаваат на нивното запознавање. Тие имаат уште една заедничка фотографија, каде што ја закопуваат сестрата на Ед во песок.